Кадравост на листовите

Taphrina deformans

Причинител е паразитот Taphrinia deformans.
Ги напаѓа најповеќе младите листови на праската, поретко цветот и плодовите. Листовите се заразуваат по тргнување на вегетацијата. Младите листови почнуваат да се деформираат, свиткуваат, задебелуваат, го губат хлорофилот и жолтеат да подоцна потполно се деформираат и набабрат. Со порастот на листот симптомите стануваат по изразени, а листовите добиваат виолетово - црвена боја. Во тоа време на листовите се ствара сивкасто - прашкаст слој на скус со аскоспори. Кон крајот на пролета заразените листови добиваат темна боја се сушат и отпаѓаат.
Расејувањето на паразитот е осигурано со обилната спорулација на аскоспорите и со секундарните спори, кои настануваат со пупење на аскоспорите. Инфекциите настануваат во релативно краток рок. Презимените спори со пролетните дождови се симнуваат од гранките на лисните папки, се размножуваат со пупење и штом папката се отвори, во капките од вода ртат и прават инфекција на тукушто отворената пупка или млад лист. По инфекцијата паразитот продира под лисната кутикула образуваќи сплет на хифи - химениум. Некој од хифите се развиваат во аскуси кои ја подигаат кутикулата, избиваат на површината и формираат сивкаста превлака. Аскоспорите се расејуваат со ветрот. Од нив настануваат секундарни спори кои презимуваат на гранките.

Plant Protection Products