Меурки кај сливата

Taphrina pruni Tul

Габата најчесто ги напага плодовите, но може и лисјата, како и цветовите. Заразените плодови хипертрофираат, што значи се развиваат брзо и стануваат големи, издолжени и малку свиткани. Во плодовите не се формира семка. Биологијата на паразитот е слична на таа од T. deformans. Презимува во вид на аскоспори и бластоспори по ветките и пупките од овошките. Основна мерка за заштита е хемиската заштита, односно уништување на паразитот. Успешно се употребувани препарати врз база на ДНОС. Сега тие се заменети со бакарни препарати.

Plant Protection Products