Пламеница на кромидот

Peronospora destructor

Пламеницата е најопасната болест за кромидот. Во Македонија се јавува во влажните локалитети и во гоинисо ладно и влажно време, кога причинува значителни штети. По своите последици, што настануваат за кратко време, таа е многу штетна, деструктивна, поради што габата го добила и името. Заболени главици од кромид тешко се чуваат преку зима.
Кај ова заболување може да настанат системични и локални зарази. Системичните зарази настануваат од заразените главици од претходната година. Растенијата се светлозелени а листовите се малку задебелени, се искривуваат надолу и целите се прекриени со сивоцрна покривка од конидиофори и конидии на габата. Листовите брзо се сушат и растенијата остануваат без листови предвреме, поради што главиците остануваат ситни и тешко се чуваат при складирањето. 

Plant Protection Products