Пламеница на пиперка

Phytophtora capsici

Опис:Најголеми штети настануваат во поле во текот на август и септември. Последиците од масовна појава на болеста се катастрофални, заболените растенија за брзо време целосно одумираат. Паразитот презимува во почвата и во заразените растителни остатоци во стадиум на мицелии. Во поволни услови (топла почва заситена со вода) формира конидии со зооспори кои продираат во зоните на подземниот и приземниот дел на стеблото од пиперката. На местото на инфекција настанува воденаста, темно зелена дамка во рамка во која ткивото одумира и добива темна боја. Дамката се шири во должина и во обем на стеблото, прекинувајќи ја циркулацијата на вода и на соковите, што придонесува за нагло овенување и сушење на заболените растенија. На ширењето на паразитот поволно влијае топлото време, чести дождови и поливање по бразда. Фрагменти на мицелиумот кога ќе се најдат во влажна средина формираат конидии со бројни зооспори. Со ударите на дождовните капки голем број на зооспори се исфрлени на надземните делови на растението каде предизвикуваат локални некрози, најчесто во пазувите на листот и плодот. Така настануваат нови масовни инфекции не само на приземниот дел на растението туку и на надземните делови од пиперката со што се забрзува умирањето на растението. На заразените плодови по влажно време се формираат ретки белузлави покорици од мицелиумот на паразитот, а на суво месото на плодот се распаѓа додека покожицата останува неоштетена. Овој тип се нарекува пергаментност на плодовите од пиперка.  

Plant Protection Products