Пламеница на сливата

Polystigma rubrum

Паразитот ги напаѓа само лисјата. На нив се јавуваат тркалезни, во почетокот жолтеникави, а потоа црвеникави некрозни дамки. При силни зарази бројот на дамките е голем, лисјата се свиткуваат со рабовите кон лицето и опаѓаат. Габата P. rubrum е облигатен паразит, што значи не се одгледува на хранливи подлоги. Во заразените листови развива црвено обоени строми. Инфекциите се остваруваат при температура од 10 до 26с и кога има врнежи. Основна мерка за спречување на пламеницата кај сливата е хемиската заштита. Првото прскање се изведува кога ке се развија првите 3 - 5 листа, по цветањето и по дождот. Треба да се изврши и длабоко заорување на паднатите листови бидејки паразитот презимува во опаднатите листови

Plant Protection Products