Пламеница на тутунот

Peronospora tabacina

Паразитот ги напаѓа скоро сите делови од тутунските растенија, но најчесто листовите. Симптомите чеесто варираат во зависност од времето на инфекцијата, осетливоста на сортата на тутунот, временските услови и сл. Растенијата можат да бидат заразени од поникнувањето па до бербата на листовите. P. tabacina е облигатен паразит и мицелијата се развива интерактивно. За исхана во клетките испишта разгранети хаустории. За спречивање на пламеницата кај тутунот е потребно да се превземат низа превентивни агротехнички, хемиски и куративни мерки. Основно е производство на здрав расад, што се постигнува преку производство на расад на подигнати леи (со цел да не се задржува прекумерна вода); ретка сеидба; дезинфекција на почвата во леите со разни средсства (кај нас најчесто се користи метил - бромид); поретко полевање на расадот; почесто проветрувае на леите.

Plant Protection Products