Црна дамкавост на виновата лоза

Phomopsis viticola

Заболувањето го предизвикува габата Phomopsis viticola.
Болеста особено во дождливите пролетни услови предизвикува штети на осетливите сорти винова лоза. Заразената лоза полека закржлавува и го намалува приносот.
Габата презимува како мицелиум во видливо побелениот крак, од каде се шири на папките кои нерамномерно потеруваат. Во ладни и дождливи пролетни услови , кога лозата расте поспоро, габата се шири и прави најголеми штети на ластарите. Кората на ластарите лесно пука. Болеста поретко ги зафаќа листовите и гроздот. При појаки ветрови заразените кракови може да се скршат. 

Plant Protection Products