Црно гниење

Guignardia bidwellii

Заболувањето го предизвикува габата габара Guiqnardia bidwellii. Болеста се манифестира на сите зелени делови на лозата, но најштетна е на лозата. На листот се формираат полигонални дамки со сива боја, оивичени со затемнета линија. Внатре во дамките за разлика од пламеницата се формираат ситни точки , пикниди. На ластарите се манифестираат истите знаци како на листот. На гроздот развојот на болеста е интензивна, а почетни знаци се дамки со жолтеникава боја кај го зафаќа целиот грозд кој на крајот се збрчкува и поцрнува. На исушените зрна се формираат ситни прстени кои претставуваат плодоносни тела на габата.  
За полесно спречување на црното гниење на грозјето е потребно намалување на инокулумот во лозјето, што се постигнува со отстранување и уништување на гнилите и мумифицираните зрна и гроздови при бербата, како и со нивно заорување по бербата. Хемиското уништување се изведува откако ластарите ќе достигнат должина од 10 до 16 cm. се до почетокот на зреењето со превентивни контактни фунгициди. Редовната заштита од пламеницата ја уништува и оваа болест, поради што црното гниење на грозјето е спорадична појава.

Plant Protection Products