Црвено прегорување на листовите кај лозата

Pseudopeziza tracheiphila muller

Болеста црвено прегорување на листовите кај лозата потекнува од Европа и е застапена секаде низ неа. Во македонија го има во охридско - струшкот регион. Првите промени се забележани на листовите во вид на жолтеникави дамки кај белите и светлоцрвени дамки кај црните сорти. Дамките почнуваат да се развиваат по периферијата на лиските. На местото на инфекцијата се развива црвено - кафеава некроза. Доколку гроздинкат асе зарази, потоа ќе биде нападната од ботритисот. Габата презимува како сапрофит во заболените лисја кои паднале, а потоа се активира и инфекцијата настанува на температура од 20 oC за време од 16 часа, а при температура од 15 oC за време од 48 часа и врнежливо реме од 2 - 3 дена. Симптомите се забележуваат по 4 недели кога габата ќе достигне до спроводните садови. За заштита се препорачува рано третирање кога се развиени 2 - 3 листа. Се користат препарати врз база на карбендазим, каптан, бакар, манкозеб, пропинеб, цимоксанил+фолпет, фолпет и други.

Plant Protection Products