Ериноза

Eriophyes vitis

Причинител Eriophyes vitis. Типичен пајак со ситни димензии со црвенолико тело. Кога пупките ќе се набабрат пајаците навлегуваат во нив и започнуваат со цицање или се селат на првите штотуку развиени листови. Често и штотуку развиените листови покажуваат знаци на оштетување односно се појавуваат набабрени места. Набабрените места наликуват на меурести набори во вид на зрно грашок. Тука се положуваат и јајцата, а кога набабрените места започнуваат да се сушат пајаците ги напуштаат и преминуваат на помладите листови. Од опачината на листот најпрвин се забележуваат на почеток бели а подоцна црвенкасти подуени места прекриени со бела превлака. Со стареење на ткивото набабрените места се сушат при што се предизвикува и сушење на околните делови од листот, па може да дојде до изумирање на цели делови од листот. До оштетување на пупките од овој штетник доаѓа кога во времето на набабрување поради суша, ниски, температури или недостаток на некои хранливи материи, доаѓа до развој на пупките. Во времето на набабрување пајаците кои презимеле, навлегуваат во пупката, и покрај неповолните услови не ги напуштаат туку предизвикуваат угинување. Кај сортите на винова лоза со повлакнести листови пајаците не формираат т. н волнени престилки, туку тие масовно цицаат од лисните нерви и предизвикуваат свиткување на нападнатите листови.

Plant Protection Products