Јаболков молец

Hyponomeuta malinellus

Hyonomeuta malinellus. Мала пеперутка од групата на молци со распон на крила 15 - 20 мм. Предните крила се бели, посеани со црни точки, задните крила се сиви. Гасениците се жолтеникави или зеленкасти, со два реда црни точкички на грбот. Растат до 17 мм.
Пеперутката се појавува кон крајот на јуни или јули. Набрзо по излегувањето доаѓа до парење, потоа женката положува јајца на врвовите на јаболкото. Јајцата се во групи распоредени од 20 - 60 распоредени во вид на керамиди. Јајцата остануваат во јаните легла до идната пролет. Во почетокот на вегетацијата јајцата се испилуваат и ги напаѓаат младите листови. Извесен период се движат, а потоа во групи се вовлекуваат во внатрешноста на листот се хранат со паренхимот и ги оставаат горниот и долниот дел на епидермисот неоштетени. Оваа фаза трае околу 10 - 20 дена, потоа ларвите ги напуштаат листовите и на гранките формираат гнезда од свилеста пајажина во која се задржуваат во групи и се хранат од лисјата. Кога ќе го изедат листот се селат, формираат ново гнездо и при тоа ја запредуваат цела гранка со свилеста пајажина. Кон крајот на мај ларвите го завршуваат својот развој и во истото гнездо проѓаат во стадиум на кукли, а потоа во имаго.

Plant Protection Products