Јаболков свиткувач

Cydia pomonella

Причинител Cydia pomonella
Најраспространет штетник на јаболкото. Го има насекаде во светот каде се одгледуваат јаболка, а бројот на генерации е различен. Неговите ларви предизвикуваат црвливост на плодот. Штетите кој ги предизвикува од година во година варираат, а понекогаш може да оштети и повеќе од 50 % од плодовите, кои ја губат пазарната вредност. Редовно има две генерации. Гасениците презимуваат во белите заперци под кората на стеблото и дебелите гранки. Во април и мај се кукли, а пеперутката од првата генерација обично се појавува при крајот на мај. Женките од првата генерација почнуваат да несат јајца (претежно на листовите) во последната недела на мај или во првите денови на јуни. Испилените гасеници веднаш се вбушуваат во плодовите, каде што се хранат 3 - 4 недели, а потоа го напуштаат плодот и се запредуваат и куклат во пукнатините на кората. Гасениците кој го завршиле развојот до крајот на јули излегуваат како пеперутки на втората генерација. Тие најчесто полагаат јајца на плодовите кои со тоа се загрозени до крајот на август но главната опасност престанува кон средината на август. После завршениот развој гасеницата на втората генерација се запредуваат и презимуваат во заперците. Летот на првата генерација обично трае до крајот на првата третина на јули, а понекогаш и до средината на јули или подолго. Пеперутките на втората генерација можат да се појават (летаат во втората половина на јули, а можат и до крајот на август или до првите денови на септември) дури и пред престанокот на летот на првата генерација. Тогаш велиме дека генерациите се преклопуваат.

Plant Protection Products