Коњоштип

Gryllotalpa gryllotalpa

Возрасниот инсект со изразито издолжено овално тело со должина од 4 - 5 цм. Бојата е жолто смеѓа а цело тело е покриено со фини густи влакненца. Предниот пар на нозе е добро развиен назабен и по својата градба потсетува на нозете на кртица. Вратниот штит е исто така добро развиен. Поседува два пара на крила. Предните се значително пократки од задните. На крајот на абдоменот се наоѓаат долги церци. По обликот и градбата телото на ларвата потсетува на возрасните, со посветла боја испилени се долги околу 5мм. Јајцата се со жолтеникава боја со должина 2, 5 мм и овален облик. Презимува како ларва од трет степен на длабочина и до 1 метар. Понекогаш презимуваат и имагата. Ларвите на пролет го продолжуваат развојот, а во средината на јуни настапува роење на имагото. Парењето се одвива на површината на почвата па женките се спуштаат во почвата копаат длабок ходник и на длабочина најмалку до 10 цм на крајот на ходникот формираат комора со цврсти ѕидови колку средна кртола на компир. Тука положуваат околу 350 - 600 јајца. По две недели се пилат ларвите, наликуваат на мравки кои остануваат во леглото во заедница со мајката се до второто, понекогаш и третото пресоблекување. Потоа се растураат копајќи одвоени ходници. Развојот го завршуваат следната година. Копајќи плитки ходници го прегризува коренот на растението. Копајќи ходници конзумира храна и од животинско потекло како што се полжави, ларви на инсекти и др.

Plant Protection Products