Копривно пајаче

Tetranychus urticae

Копривниот пајак е штетник на градинарските култури во заштитени простори и на отворено. Има 6 - 10 генерации годишно, презимува како возрасна женка. Штетите ги прави имагата и ларвата со својата исхрана. Листот пожолтува, се суши и опаѓа. Намалувајќи ја асимилационата моќ на растението придонесуваат за намалување на приносот, плодовите остануваат ситни и со нетипична форма. Постојат мерки со кои се контролира присуството на штетникот. Од агротехнички мерки: уништување на плевелите, отстранување на заразените растенија. Биолошки мерки со интродукција на предаторските пајаци: Phytoseiulus persimilis, Amblyseius cucumeris. Хемиските мерки се со употреба на инсектициди со акарицидно дејство.

Plant Protection Products