Минери на кружни мини

Leucoptera malifoliella

Leucoptera malifoliella. Кружниот минер е најопасен во земјоделието бидеќи ако многу се намножи, може да предизвика големи штети. Штетите се видливи како кружни мини кои имаат дијаметар 12 мм и при јак напад покриваат поголем дел од листот. Минерот е сребрено - сива пеперутка со големина 5 - 6 мм. Има 2 - 3 генерации годишно. Пеперутките од првата генерација се појавуваат во почетокот на мај и почнуваат да полагаат јајца на опачината на листот, обично поред нервите. За полагање на јајцата избираат листови во розетата или блиску до врвот на ланските леторасти. Гасеницата се вбушува во листот непосредно до јајцето и формира кружни мини од внатре кон надвор. По епидермот се видливи кружни мини и темен измет на гасениците. Гасеницата после 20 - 25 дена го напушта листот низ горната страна и се кукли на кората помеѓу лисјата. Поради неправилно појавување на овој штетник, често може да се појави во пренамножена популација. Втората генерација, која обично прави најголеми штети, се појавува кон крајот на јуни и почетокот на јули. Првин забележуваме пеперутки кои летаат во карактеристичен цик - цак лет околу стеблото на јаболката. Со повнимателен преглед на опачината од листовите може да ги забележиме снесените јајца. Најсигурно дејство постигаме со прскање во време на полагање на јајцата.

Plant Protection Products