Нематоди

Heterodera rostochiensis

Heterodera rostochiensis
Зрлелите женски се со топчест изглед, долга 0, 38 - 1, 7мм, а широка 0, 275 - 0, 965 мм. Машките се црвенолики долги 0, 910 - 1, 230 мм. Ларвата е 0, 35 - 0, 52 мм, а широка 0, 018 до 0, 023 мм.
Ларвите на оваа нематода продираат во ткивото на младите растенија проаѓајќи низ ист развоен стадиум како и репкината нематода со тоа што развојниот циклус е поголем 2 - 3 месеци. Одраснатите женки се појавуваа во текот на јуни. Во почетокот се со бела боја па златножолти и на крај темносини и паѓаат од коренот. Овие угинати женски - цисти во отсаство на храна можат да ја сочуваат својата виталност и до 12 години. Компировата нематода е специјализирана врста и ги напаѓа само компирот и доматот. Особена е опасна во лесни почви каде може да допре и до длабочина од 60 цм. Нападнатите растенија споро растат, заостануваат во порастот со малку изданоци и со ситни листови. Листовите ја губат бојата, стануваат посветли и жолти, особено долните листови. Врвовите на листовите може да бидат црвенкасти лесно се св иткуваат и брзо изумираат како да немаат прехрана.

Plant Protection Products