Свиткувач на покожица на плод

Adoxophyes orana

Adoxophyes orana. Важно е да се напомене дека напаѓаат повеќе овошни видови. Има две генерации годишно. Гасениците причинуваат штети во текот на три годишни времиња. Во пукнатините од кората презимуваат гасениците од 2 и 3 стадиум. Во април или мај ги запредуваат или јадат цветовите и папките. На нападнатите делови на овошката воедно и се куклат, а после 10 - 15 дена е летот на пеперутката. Првата генерација обично има лет на крајот на мај или почеток на јуни. Женките обично полагаат јајца на опачината на листот. Од средината на јни до средината на јули гасениците првин го јајдат листот во запредоците на врвовите од леторастите, а потоа ја оштетуваат и покожицата на плодот. Од средината на јули гасениците се куклат, а до крајот на јули и август, септември летааат пеперутките од втората генерација. Женките ги полагаат јајцата на листовите и плодовите, а испилените гасеници пред да одат на презимување прават дупки од 2 - 3 мм во покожицата на плодот.
Сузбивањето на свиткувачите на покожица на плодот се спроведува врз база на преглед на насадите, уловот на феромонски мамци го потврдува летот на пеперутките.
Информативен преглед пред цветање и главен преглед после цветање (праг на штетност 5 - 10 гасеници на 100 соцветија)
- Преглед од средината јуни до средината на јули 5 - 6 гасеници на 100 леторасти.
- Преглед кон крајот на август, броење на оштетени плодови. 

Plant Protection Products