Црвен пајак

Panonychus ulmi

Panonychus ulmi. Редовен штетник, кој поради често и прекумерно размножување предизвикува штети на овошките. Во години кога има погодни услови за негов развој, силно ги оштетува листовите, на чие лице прво се забележуваат фини светликави дамки, потоа листот добива сиво - жолта до љиљаково - кафена боја, се свиткува суши и опаѓа. Поради намалената фотосинтеза загрозен е квалитетот и количината на плодот. Бидеќи адултите се многу мали 0. 3 - 0, 5 мм потребно е многу внимателно да се следат. Пајакот има црвено - кафена боја и јајцевид облик. Ларвите и адултите предизвикуваат штети со цицање на растителните сокови од листовите. Развојот од јајца до адулти трае 15 - 40 дена. Зависно од временските услови има 6 - 7 генерации. Во есен женките ги полагаат зимските јајца кои презимуваат на едногодишните и двогодишните гранчиња поред папките, каде можат да се забележат како црвени групации. Зависно од бројот на јајцата по должен метар, се донесува одлука одлука за заштита. Прагот на штетност е 1000 јајца на должен метар прегледани леторасти. Обично во првата третина на април од зимските јајца почнуват да се пилат ларвите кои веднаш се селат на листовите. Најпогодно време за заштита е кога ќе се испилат 30 - 50 % јајца. Популацијата на црвениот овошен пајак обично го достигнува првиот врв во мај, а вториот во јули и август. Во летото на опачината на листот може да се забележат голем број на пајаци од сите стадиуми. Во исклучително топли денови женките преоѓаат на лицето од листот, иако тука не ги полагаат јајцата. Појавата на нова генерација пратена е со појава на голем број свежо положени јајца. При следењето на генерациите потребно е да се знаае дека пајаците во почетокот на вегетацијата се наоѓаат во долните листови и на розетите, а подоцна се селат на ливчињата од долната третина на леторастот, во јули и август веќе се во горната третина на леторастот.

Plant Protection Products