Caramba

Manufacturer
BASF
Category
Fungicides
Registered until
N/A
Registration number
7 -1188
Active materials
Упатство за употреба
CARAMBA е системичен фунгицид со превентивно и куративно делување се употребува во озимна и пролетна пченица, озимен и пролетен јачмен, озимен ‘рж, тритикале и маслодајна репка.
 
Употреба на средството CARAMBA во доза од 1,5 L/ha во следниве култури:
- Озимна и пролетна пченица за сузбивање на ‘рѓа (Puccinia spp.) и за намалување на инфекцијата од сива дамкавост (септориоза)(Mycosphaerella graminicola) и фузариозни болести ( Fusarium spp.). Фузариумот се сузбива во развојни фази од почетокот до крајот на цветањето (BBCH 61-69), а останатите болести во развојни фази од почеток на вретенисување до крајот на класењето (BBCH 30-59);
-Озимен и пролетен јачмен за сузбивање на кафеава лисна ‘рѓа кај јачменот(Puccinia hordei) во развојна фаза од почетокот на вретенисување до крај на класењето (BBCH 30-59);
-Озимен ‘рж за сузбивање на‘рѓа на ‘рж(Puccinia disperasa) во развојна фаза на вретенисување до крајот на класењето (BBCH 30-59);
-Тритикале за намалување на инфекција од сива дамкавост (септориоза)(Mycosphaerella graminicola) во развојна фаза на вретенисување до крај на класење (BBCH 30-59)
 
Употреба на средството CARAMBA во доза од 1,2 L/ha во следниве култури:
-Маслодајна репка за намалување на инфекција од сува трулеж (Leptosphaeria maculans). Се третира во период од почеток на растење до крајот на цветање на насадот. Првен се третира на есен при појава на болест, потоа на пролет, а по потреба третирањето се повторува.
 
Начин на дејствување:
CARAMBA е системичен фунгицид за сузбивање на болести на житните култури. Средството содржи активна супстанца metconazol, којашто многу брзо по третирањето се пренесува акропетално низ растението. Со тоа е спречено испирањето од дожд. На патогените габи делува превентивно и куративно.
Registered for culturesRateBBCH
Winter wheat1.5 l30 - 59
Spring wheat1.5 l30 - 59
Spring barley1.5 l30 - 59
Winter barley1.5 l30 - 59
Winter rye1.5 l30 - 59
Winter triticale1.5 l30 - 59
Spring triticale1.5 l30 - 59
Winter wheat1.5 l61 - 69
Spring wheat1.5 l61 - 69