Forum Star

Manufacturer
BASF
Category
Fungicides
Registered until
N/A
Registration number
17-408/2
Active materials
Упатство за употреба
Forum Star се употрабува како превентивен фунгицид со локално – системско и контактно дејство кај виновата лоза за сузбивање на пламеница на виновата лоза ( Plasmopara viticola ) во концентрација 0,16 % со потрошувачка на вода 1000 L/ha (16g во 10 L вода), односно во доза од 1,6 kg/ha (16 g на 100 m2). Третирањето се врши првпат во почеток на цветање на лозата, потоа третирањето се повторува уште еднаш до двапати. Се третира на растојание од 10-14 дена, зависно временските услови. Во случај на долготрајно врнење на дожд и голема опасност од развој на болести препорачливо е растојанието меѓу третирањата да се скрати на 8 -10 дена. Заради спречување на резистентност со производот за заштита Forum Star може на иста површина да се третира најмногу трипати во една сезона.
 
Каренца:
42 дена за вински сорти на грозје.
 
Работна каренца:
Во контакт со прсканите растенија работникот мора да носи заштитни ракавици.
 
Предупредување:
Производот за заштита е отровен за водните организми, може да предизвика долготрајни, несакани последици на водната средина. При третирање да се спречи загадувањето на водотеците, бунарите, езерата и изворите.
 
Припрема на средството за употреба:
Резервоарот на прскалката го полниме со вода до половина до соодветниот волумен, ја додаваме измерената количина средство, амбалажата ја испразнуваме до крај и не ја фрламе! За време на мешањето и досипувањето вода може да ги додаме и останатите состојки, коишто немаат ограничување за мешање. Не се користи нечиста вода или вода која содржи многу калциум и железо. Припременото средство го употребуваме веднаш.
Registered for culturesRatePreharvest Interval
Grapes1.6 kg42