Maraton 375 SC

Manufacturer
BASF
Category
Herbicides
Registered until
N/A
Registration number
Active materials

Полјоделските култури кои се сеат во густ склоп, како што се пченицата, јачменот, ʼржта, овесот, кај нас се одгледуваат 2-3, па и повеќе пати на една иста површина. Поради тоа, покрај примената на превентивни и редовни агротехнички мерки, употребата на хербициди во борба против плевелите е од многу големо значење, бидејќи во овие култури не е можно меѓуредово култивирање и рачно окопување. При средна заплевеност, приносот се намалува за околу 20-30%, додека при поголема заплевеност, тој се намалува многу повеќе.

MARATON 375 SC е хербицид во облик на концентрирана емулзија, се применува со нанесување врз почвата или листовите за сузбивање на едногодишни теснолисни и широколисни плевели кај есенска пченица, есенски јачмен, есенско тритикале и 'рж. Оптимално време на третирање е наесен по сеидбата, а пред никнувањето или по никнувањето на житарките во фаза на 1-2 листа.

Третирањето на есенската пченица и на јачменот може да се врши и во фаза на 3-4 листа на житарките, ако плевелите се во фаза на поникнување, во доза од 4 л/ха.

Registered for culturesRateBBCH
Winter wheat4 l0 - 29
Winter barley4 l0 - 29
Winter triticale4 l0
Winter rye4 l0