Quadris
- Manufacturer
- SYNGENTA
- Category
- Fungicides
- Registered until
- N/A
- Registration number
- 17-1104
- Active materials
- azoxystrobin250 g/l
Квалитет, што е секогаш исплатлив
Фунгицид со широк спектар на делување кај виновата лоза
• Широк спектар на делување против најважните болести кај виновата лоза (Пламеница и Пепелница)
• Погоден за производство на трпезно грозје, посебно за последните третмани
УПОТРЕБА:
Производот за заштита на растенија QUADRIS се применува со фолијарно прскање за сузбивање на пламеница на винова лоза (Plasmopara viticola) и пепелница на винова лоза (Uncinula necator), во концентрација од 0,1% со 1000 L распрскувач/ha, односно во количина од 1 L/ha при што потрошувачката на распрскувачот зависи од бујноста и развиеноста на растението.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Производот QUADRIS смее да се применува најмногу два пати во текот на вегетацијата, во интервали од 10-14 дена. Не смее да се употребува при топло
или ветровито време(температури над 30 С и бризина на ветрот над 5m/s). При високи дневни температури прскањето треба да се спроведува или во раните утрински или во раните вечерни часови.
Се аплицира во стандардна опрема за третирање во земјоделието. Авио апликацијa не е дозволена. При апликација да се спречи занесување на спрејот на соседните култури.
Registered for cultures | Rate |
---|---|
Grapes | 1 l |