Еноец

Galium ricorne

Монокарпен едногодишен есенско - пролетен плевел. Стеблото е полегливо, разгрането од основата. Листовите се прешленесто распоредени околу стеблото. Целото растение е обраснато со влакненца, чии врвот се кукесто свиткани. Цветовите се ситни, бели, плодот е во вид на оревче. Се размножува со семе и обично никнува наесен. Дел од семето никнува напролет. Есенските и пролетните растенија созреваат истовремено во јуни - јули т. е заедно со житните култури. Ги заплевелува есенските жита и другите култури со густ склоп. Еден е од поопасните плевели на житните култури и предизвикува полегнување на посевот.

Plant Protection Products