Овес див пролетен
Avena fatua

Едногодишно растение високо 50 - 140 цм. Коренот долг до 120 цм. Стеблото е исправно глатко. Листовите се долги 10 - 45 цм, темнозелени, мазни, рабовите малце влакнасти. Ракавецот е отворен. Цветот е растресита метлива со повеќе етажи. Плевиците имаат осилки. Произведува просечно 800 семки.