Слачец полски

- Convolvulus arvensis

Повеќегодишно растение. Коренот брзо расте и лесно се обновува. Многу е долг и продира до 6 м развиен е и разгранет обично во два спрата. Стеблото е долго 20 – 200 cm, тенко, голо, полегнато, со можност да се обвиткува околу другите растенија. Листовите се стреласти со петелки. Цвета од јуни до септември. Цветовите се поединечни или 2 - 3 заедно. Крупни во облик на инка, бели и розови, без мирис. Плодот е чаура со тврда кора во која има 3 - 5 семки. Дава 150 - 600 семки. Медоносно растение. Пренесува болести инсекти и нематоди.

Plant Protection Products