Волчје јаболко

Aristolochia clematitis

Повеќегодишно растение високо 70 цм. Стеблото е исправно голо со жолтозелена боја. Листовите се големи обратно срцевидни со долги петелки. Цвета напролет и во лето. Цветовите ги оплодуваат мали инсекти. Кога инсектот ќе навлезе во долниот дел на цевчестите цветови влакната во цветот се така свртени да им го запираат излегувањето додека не ги опрашат. Чеср плевел на лозјата и ораниците. Многу жилав отпорен плевел и јак компетитор. Растението е доста отровно содржи алкалоид аристолохина. Може да биде и смртоносен. Особено се отровни семките.

Plant Protection Products