Чадлива краставост

Venturia inaegualis

Причинител Venturia inaqualis. Краставоста е најопасна болест на јаболкото. Причинува големи штети бидеќи влијае на количината и квалитетот на плодот. Болеста се појавува во одредени климатски услови, а степенот на штети е различен. Ако заразите се чести и јаки може да настапи и дефолијација и да го ослаби растението. Краставоста може да ги зарази листот, цветот, плодот но и зелените леторасти. На почетокот на листот се појавуваат рѓави црно округли дамки со нејасни рабови, а подоцна ткивото под дамките одумира. При јака зараза се појавуваат голем број дамки на листовите кои лесно се забележуваат. Листот закржлавува не може да асимилира и опаѓа. Факт е дека последните шест листа се најподлежни на инфекција. На плодот се појавуваат слични дамки кои во последниот стадиум формираат плута и се распукуваат. Почетниот период на најјаки зарази трае приближно два месеца до првата декада на јуни. Од перитеците кои се формираат на отпаднатите листови во текот на зимата напролет излегуваат аскоспори кои ветерот ги разнесува. Ртењето на спорите започнува кога ќе паднат на влажна површина на листот. Хифата продира под самата површина на кутикулата и формира строма од која се формираат конидиофори. Конидиофорите создаваат конидии кои ги причинуваат секундарните инфекции. Од инфекцијата до видливи знаци на болеста поминуваат 9 - 17 дена, зависно од температурата, влажноста и времетраењето на влажнењето.

Plant Protection Products