Faban 25/25 SC

Manufacturer
BASF
Category
Fungicides
Registered until
N/A
Registration number
17-1492
Active materials
Механизам на делување:
FABAN 25/25 SC, фунгицид со превентивно и куративно делување наменет за сузбивање на патогените причинители на чадлива краставост на листот и краставост на плодот на јаболкото (Venturia inaequalis) и причинителот на чадлива краставост на крушата (Venturia pirina).Мешавина од два фунгициди, Pyrimethanil локален системичен фунгицид со превентивно и куративно делување и Dithianon , контактен фунгицид со превентивно и со особено куративно делување против чадливата краставост.На биохемиско ниво Pyrimethanil-от, фунгицид со апопластично движење и трансламинарно делување, го попречува излачувањето на хидролитичките ензими од габите. Dithianon-от е несистемичен фунгицид без специјализирано дејство на клеточно ниво.
 
Начин на примена:
Се препорачува прскање на лисната површина.
 
Фитотоксичност:
Производот не е фитотоксичен доколку се применуваат упатствата од етикетата.
 
Стратешко справување со резистентност:
Третманите да бидат превентивни, куративните третмани се препорачуваат само во случај на висок интензитет на заболување.
Максималниот број на апликации во текот на една сезона: 4
Работна каренца (безбедносен временски период помеѓу третманот и пристапот на работникот/операторот во културата врз која е нанесен препаратот): Не влегувајте во прсканиот дел пред целосно да се исуши течноста за прскање на лисната површина. Работниците да носат заштитна облека и ракавици доколку влезат во областа на нанесување веднаш по прскањето.
 
Начин на подготовка на растворот за прскање:
Наполнете го резервоарот до половина со вода. Ја додаваме потребаната количина од препаратот со постојано мешање. Дополнете го садот со вода и продолжете со мешање за целото времетраење на прскањето.Се препорачува чистење на праскалката со вода.
 
 
Registered for culturesRatePreharvest Interval
Apples1.2 l56
Pears1.2 l56