Пепелница праска

Sphaerotheca pannosa var. persicae

Причинител паразитната габа Sphaerotheca pannosa var. persicae. Паразитира на листовите, леторастите и плодовите. Споменатите делови можат да бидат покриени делимично или потполно со прљаво бела превлака која потекнува од оидиите на паразитот. Нападнатите зони на листот во почетокот се светли, а потоа на тие места се појавува бела превлака која постепено покрива поголема површина. Постарите листови се по отпорни. Младите листови се собираат заради неуедначен развиток на нападнатиот и здравиот дел. Таквите листови не ја достигаат нормалната величина, а ако се јако нападнати се сушат и отпаѓаат. Плодовите се најосетливи од периодот на врзување до големина на орев 2 - 3 цм. Млади плодови од заразата можат да отпаднат. Постарите плодови на кои заразата е одпорано имаат на себе бели до светло сиви издигнати дамки. Епикарпот во зоната на инфекција станува кожест и често пука.

Plant Protection Products