Signum

Manufacturer
BASF
Category
Fungicides
Registered until
N/A
Registration number
17-371/2
Active materials
Упатство за употреба
SIGNUM 33 WG е системичен фунгицид со превентивно и куративно дејство наменет за сузбивање на причинители на габични болести кај кромид, лук, зелка, морков, пиперки, домат, син домат, јагоди, коскесто овошје (вишна), малини, капини, црна рибизла, винова лоза, компир.
- Кромид, лук против црна дамкавост (Alernaria porri), пламеница(Phytophthora porri, Cladosporium porri) и против р`ѓата на кромидот (Puccinia porri) во доза 1,0 kg/ha , со 400-600 L/ha.
Првото третирање да се изврши при појава на првите знаци на болест. Следното третирање да се изврши во растојание од 7-10 дена. Производот за заштитата да се применува најизменично со фунгицид со променлив механизам на делување. Максимален број на третирања во сезона се 2-3 пати.
- Зелка, за сузбивање на црна дамкавост (Alternaria brassicae, Alternaria brassicola)и за сузбивање на сива дамкавост (Mycosphaerella brassicola) во доза 0,75-1,0 kg/ha, со 600-800 L/вода. Поголема доза се употребува во случај на поинтензивен напад од болести.Првото третирање да се изведе превентивно или при појава на првите знаци на болест. Следното третирање да се изврши во растојание од 7-10 дена. Производот за заштита да се применува најизменично со фунгицидот со променлив механизам на делување. Максимален број на третирања во сезона е три пати.
-Морков,против пепелница (Erysiphe heraclei), против пепелница (Erysiphe heraclei),бело гниење (Sclerotina sclerotiorum) и црна дамкавост ( Alternaria taurica) во доза од 1,0 kg/ha, односно 600-800 L/ha вода. Поголема доза се употребува во случај на појако загрозување од болестите. Првото третирање да се изврши превентивно или при појава на првите знаци на болест. Следното третирање да се изврши во растојание од 7-10 дена. Производот да се применува најизменично со фунгицид со променлив механизам на делување. Максимален број на третирања во сезона е два пати.
-Пиперки, домат, син домат, против пепелница (Leveillula taurica, Oidium lycopersicum), сиво гниење (Botrytis cinerea) во доза од 1,0-1,5 kg/ha со
600-800 L/ha. Максимален број на третирања во сезона е два пати.
-Домати (под фолии): пропишана доза 0,2 % (200g во 100 L вода). Доза на течноста е 100/1000m. Максимален број на третирања во сезона е 1-2 пати во интервал од 7-10 дена.
-Јагоди против сиво гниење (Botrytis cinerea), пепелница ( Sphaerotheca macularis), антракноза ( Colletotrichum acutatum) во доза од 1,8 kg/ha со 500-700 L/ha вода. Третирањето се врши од почеток до крај на цветање. Максимален број на третирања во сезона е два пати во интервал од 5-7 дена.
- Коскесто овошје (вишна) за сузбивање на пепелница ( Spharotheca panosa), монилија (Monilia spp.) во доза од 0,75-1,0 kg/ha со 500-700 L/ha вода, во интервали од 5-10 дена. Прскањето е со ситни капки. Максимален број на третирања во сезоната е два пати. Првото третирање се врши во почетокот на април (во време на отварање на првите пупки), второто третирање да се изврши во фаза на полно цветање.
- Малини, капини: за сузбивање на трулежот на плодовите и цветовите (Monilia laxa) и дамкавост на листот (Gnomonia rubi), во доза од 1,8 kg/ ha со употреба на вода 600-700 L/ha. Прскањето е со ситни капки. Се употребува превентивно или во моментот на појава на правите знаци на болеста. За сузбивање на сивата трулеж се употребува од фазата на цутење во интервал од 7-10 дена, наизменично со фунгицид со променлив механизам на делување. Максимален број на третирања во една сезона е два пати.
- Црна рибизла против антракноза во доза 1,8 kg/ha со употреба на вода 600-800 L/ha. Прскањето е со ситни капки. Се употребува превентивно или во мементот на појава на првите знаци на болеста. Првото третирање се врши непосредно пред цутењето, а следното по цутењето во интервал од 7-10 дена. Во врнежливи лета на платажите на кои е утврдена појавата на болеста
треба да се изврши третирање по собирање на плодовите. Производот за заштита на растенијата се употребува наизменично со фунгицид со пременлив мечанизам на делување.
- Винова лоза: за сузбивање на сивото гниење ( Botrytis cinerea) во доза од 1,0 kg/ha со 600-800 L/ha вода во интервал од 7-10 дена.
-Компир: за сузбивање на црна дамкавост (Аlternaria solani) во доза од 0,25 kg/ha.
Registered for culturesRatePreharvest Interval
Onions1 kg14
Garlic1 kg
Cabbage0.75 - 1 kg14
Carrots1 kg28
Peppers1 - 1.5 kg3
Tomatoes1 - 1.5 kg3
Eggplant1 - 1.5 kg
Strawberries1.8 kg3
Cherries0.75 - 1 kg7
Raspberries1.8 kg3
Blackberries1.8 kg
Black currant1.8 kg
Grapes1 kg
Potatoes0.25 kg28