Пламеница на краставицата

Pseudoperenospora cubensis

Ги напаѓа растенијата во текот на целата вегетација, на листовите најпрво се појавуваат тркалезни ситни бледозелени дамки кои брзо се шират и некрозираат. При подоцни зарази по лисјата се развиваат многубројни крупни светлозелени до жолтеникави дамки. Лиските прегоруваат и остануваат да висат на лисните дршки. На опачината во рамката на дамките се формира сивкаста превлака од репродукционите органи на габата. Ткивото во рамките на дамките некротира. Паразитот брзо се шири на здравите листови при што настанува нивно сушење и одумирање на растението. Плодовите остануваат ситни и деформирани. Пламеницата се развива при повисоки температури и со присуство на роса. Паразитот презимува на растителните остатоци, од каде по пат на ветар се шири на поголемо растојание. Заштита е со поголемо растојание меѓу редовите, со цел растенијата да бидат осветлени и побрзо да се отстрани росата. Се користат голем број на фунгициди.

Plant Protection Products