Enervin

Manufacturer
BASF
Category
Fungicides
Registered until
N/A
Registration number
17-1537
Active materials
ENERVIN се употребува како контактен превентивен фунгицид со долготрајно дејство за сузбивање на пламеница кај винова лоза, домат, компир, краставица, тиква, лубеница, марула и против полегнување на расад од пиперка и домат
 
Примена:
ENERVIN се употребува за сузбивање на:
• Причинителот на пламеницата на лозата ( Plasmopara viticola) во количина од 2,5 kg, со количина на вода од 400- 1000 L/ha.Третирањето се врши превентивно или веднаш по појавување на инфекцијата со прскање или залевање на растенијата, производот за заштита на растенијата од листовите може да се транслоцира низ растението преку спороводните садови и на тој начин ги сузбива габичките. Максимален број на третмани во текот на една година е 3 пати, со интервал на примена од 8-12 дена помеѓу третманите.
• Пламеница кај домат, компир (Phytophtora infestans) во доза од 2,0 kg/ha. Максимален број на третмани во текот на една година е 3 пати, во интервал од 7 до 10 дена (кај
домати), 5-10 дена (кај компири)..Прв пат се третира на почетокот на затварање на редовите, а последното се врши согласно пропишаната каренца.
• Пламеница на краставица (Pseudoperonospora cubensis) кај краставици, корнишони, тикви, лубеници, дињи во доза од 2,0 kg/ha. Максимален број на третмани во тек на една година 2 пати во интервал од 7-10 дена. Прв пат се третира кога е видлива првата странична пупка, а последното до почеток на зреење на плодовите.
• Пламеница на салата-марула (Bremia lactucae) во доза од 2,0 kg/ha. Максимален број на третманите е 2 пати во интервал од 7-10 дена помеѓу третманите. Се третира од развојот на листовите па се до крајот на формирање на главицата.
• Полегнување на расадот од домат и пиперка (Pythium) во доза од 2,5kg/ha.
 
Фитотоксичност:
Доколку средството се употребува на пропишаниот начин, не предизвикува фитотоксичност.
 
Компатибилност:
Може да се меша со други производи за заштита на растенијата со слични физичко-хемиски својства.
 
Предупредување:
При третирање треба да се спречи контаминација на водата, водотеци, бунари, езера, извори, третирајки на растојание најмалко 20m од истите
Registered for culturesRatePreharvest Interval
Grapes2.5 kg35
Tomatoes2 - 2.5 kg3
Potatoes2 kg7
Cucumbers2 kg3
Lettuce2 kg7
Peppers2.5 kg
Pumpkins2 kg3
Watermelon2 kg3
Melons2 kg3