Црна пегавост кај маслодајната репка

Alternaria brassicae

Оваа болест може да причини значајно намалување на приносот во подоцнежните стадиумо од развојот на маслодајната репка а се јавува намногу на ниски терени со висока влажност на воздухот.
Црната пегавост се јавува од никнењето до зреењето на маслодајната репка. На првите листови се јавуваат црни пеги . Во понатамошните стадиуми болеста интензивно се развива на стеблото . На него се забележуваат подуени пеги со црна боја. Во случај на јака зараза, мешунките принудено созреваат и се случува семето да падне на површината на почвата. Паразитот презимува во заразените остатоци на маслодајната репка. Тоа е основниот извор на примарен инокулум. На растителните остатоци и на заразените ткива, габата создава голем број на конидии кои со помош на дождот и ветерот се разнесуват во природата. За сузбивање се препорачува повеќегодишен плодоред во кој нема да има насади од растенија од фамилијата Cruciferae. За сеидба треба примена на здраво семе.

Plant Protection Products