Јаболкова вошка

Aphis pomi

Aphis pomi. Има зелена боја со крушковиден облик и е најчеста штетна врста на јаболкото. Во зима на едногодишните леторасти можат да се забележат светликави црни јајца. Вошките ги наоѓаме на долната страна од листот и на врвовите од леторастите, каде во бројни колонии цицаат сокови. Леторастите заостануваат во развојот (се деформираат), листовите се свиткуваат и при појак напад може да се исушат. Најголеми штети вошките прават на младите стебла. Прагот на штетност е пред цветање 10 - 15 колонии на 100 леторасти, а после цветањето 8 - 10 колонии на 100 леторасти.

Plant Protection Products