Perfekthion

Manufacturer
BASF
Category
Insecticides
Registered until
N/A
Registration number
17-659
Active materials
PERFEKTHION e системичен и контактен инсектицид со широк спектар на делување, кој се употребува за сузбивање на:
-Во полјоделството:
На зимска и пролетна пченица, рж, тритикале за сузбивање на лисни вошки (Aphididae) во количина од 0,5 L/ha (5 mL на 100m2). Дозволено е едно третирање во растечка сезона. Се третира при појавата на штетниците на шеќерна и сточна репка за сузбивање на лисни вошки (Aphididae) во количина од 0,6 L/ha (6 mL на 100 m2).Дозволени се две третирања во текот на една сезона, во временски интервал од 21 ден, а се третира при појава на штетници. Надземниот дел од растението не смее да се употребува за хранање на луѓе или за крмење на животни.
 
Во градинарството:
На кромид, лук, и млад кромид на отворено за сузбивање на трипс (Trips tabaci) во количина од 0,6 L/ha (6 mL на 100m2). Дозволени се две третирања во текот на една сезона, во временски интервал од 7 до 14 дена, а се третира при појава на штетници.
На моркови за ограничување на бројот на популацијата на морковата мува (Psylla rosae) во количини од 0,6 L/ha (6 mL на 100 m2). Дозволени се две третирања во текот на една сезона, во временски интервал од 14-21 ден, а се третира при појава на штетници.
На зелка за сузбивање на лисни вошки (Aphidiae) во количина од 0,5 L/ha (5 mL на 100 m2). Дозволени се две третирања во текот на една сезона, во временски интервал од 7-14 дена, а се третира при појава на штетниците.
На домат и модар патлиџан на отворено за сузбивање на лисни вошки (Aphididae) во количина од 0,5 L/ha (5mL на 100m2). Дозволени се две третирања во текот на една сезона, во временски интервал од 14 дена, а се третира при појава на штетниците.
 
Фитотоксичност:
Не е фитотоксичен доколку се применува според пропишаните дози и според упатството за примена. Производот за заштита може да биде фитотоксичен за некои од следниве сорти украсни растенија: Chrysanthemum sp., Begonia sp., Adriathum sp., Arailia sieboldii. Asparagus plumosus, Coleus hybridus, Calceolaria rugosa., Cissus antarica., Ficus pandurata., Neophrolepsis sp., Sanchezia sp., Gloxinia sp., Pteris sp., и Salvia splendens. Со цел да се спречи создавањето на фитотоксичност, потребно е на наведените украсни растенија пред употребата на производот за заштита да се направи тест за фитотоксичност на помал број на растенија.
 
Помала употреба:
Ефектот и фитотоксичноста на производот за заштита на растенијата Perfekthion при употреба на долу наведените одгледувани растенија не е проверена, затоа одговорноста во врска со употребата на Perfekthion на наведените растенија ја презема корисникот на производот за заштита на растенијата.
Тие употреби се :
На лук и на млад кромид: за сузбивање на Phytomiza gymnostoma, лукова мува (Delia antique ) и лисни вошки (Aphididae) во количина 0,6 L/ha (6 mL на 100 m2). Дозволени се две третирања во текот на една сезона, во временски интервал од 7-14 дена, а се третира при појава на штетници.
На аспарагусот: за сузбивање на аспарагусна мува (Platyparea poeciloptera) во период по берба на културата во количина од 0,5 L/ha (5 mL на 100 m2). По завршеното собирање на културата дозволени се две третирања.
Во пашканат и магдонос за ограничување на бројноста на популацијата на моркова мува (Psila rosae) во количина од 0,6 L/ha (6 mL на 100m2).
Дозволени се две третирања во текот на една сезона, во временски интервал од 14-21 ден, а се третира при појава на штетници. Лисјата од магдоносот и пашканатот кои се третирани со Perfekthion не смеат да се употребуваат за исхрана на луѓето.
На маслинки: како инсектицидна мамка за сузбивање на маслинова мува (Bactrocera oleae) во количина најмногу 0,125 L/ha при користење на вода од 0,3 L/ha на дрво (најмногу 100 L/ha) и при додавање соодветен атрактант. Се третира само малиот дел на крошната на јужната страна на дрвото.
Registered for culturesRatePreharvest Interval
Winter wheat0.5 l56
Spring wheat0.5 l56
Winter rye0.5 l56
Spring rye0.5 l56
Winter triticale0.5 l56
Spring triticale0.5 l56
Onions0.6 l14
Garlic0.6 l14
Chives0.6 l14
Cabbage0.5 l14
Tomatoes0.5 l28
Eggplant0.5 l28
Asparagus0.5 l
Olives0.125 - 0.3 l28
Sugar beets0.6 l28
Beets0.6 l28
Carrots0.6 l35
Parsnip0.6 l35
Parsley0.6 l35