Компирова златица

Leptinotarsa decemlineata

Leptinotarsa decimlineata. Има тело долго просечно 10 мм. Телото е кафеножолтеникави, на стомакот повеќе црвенкасто. Поткрилата е жолто со по пет долги пруги. На надвратникот се наоѓаат 11 црни пеги со различен облик. Личинките се со ружицаста боја со црна глава. Личинките од 1 и 2 стадиум се долги до 4. 0 мм, а личинките 3 и 4 стадиум подолги од 4 мм. Јајните легла се наоѓаат на опаќината на листот и содржат 25 - 80 јајца долги 1, 2 мм кои се поставени едно до друго со жолта боја. Имагото презимува во почвата. Кога температурата на длабочина од 10 цм се загрее на 14, 5 степени или кога температурата на воздухот ќе помине 14 - 15 степени почнува масивна појава на имаго. По излагањето женките веднаш не морат да се хранат можат 10 дена да бидат и без храна. Женките ги полагаат јајцата по 30 или повеќе денови. Дневно може да снесе 5 - 70 јајца, а вкупно 300 - 1100 јајца, со тоа што во топлипериоди повеќе во ладните помалце. Развојот на јајцата трае 5 - 16 дена. Поголем број на испилувања има кога е пониска релативната влажност. Личинките се пресоблекуваат три пати и преоѓаат низ 4 стадиуми на развој. Развојот трае 14 - 22 дена напролет и 12 - 18 дена летото. Развојот на првиот стадиум трае 3 - 4 дена, 3 - 7 дена на вториот, 4 - 8 дена на третиот, 5 - 11 дена на четвртиот. Развојот од јајце до имаго трае педесетина дена.

Plant Protection Products