Alverde

Manufacturer
BASF
Category
Insecticides
Registered until
N/A
Registration number
25-908/16
Active materials
Упатство за употреба:
МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО: Средството ALVERDE се употребува како дигестивен и контактен инсектицид кој делува на сите развојни стадиуми на ларви и адултни инсекти. Средството почнува да делува веднаш по внесување во телото на инсектот. Ефектот од средството е забележлив само по неколку часа од внесувањето.
 
УПОТРЕБА:
Средството се употребува во:
-во компир за сузбивање на компирова златица ( Leptinotarsa decemlineata) во доза од 0,25 L/ha.
Се третира кога ќе се надмине прагот на штетноста и тоа од фенолошката фаза на петиот лист до почетокот на созревање на плодовите (кртоли) (BBCH 15-89).
- во домати (во затворен простор) и пиперки (во затворен простор) за сузбивање на ноќници, совици (Noctuidae), како што се на пр.: совица гама (Autographa gamma) , памукова совица
(Heliothis armigera), (Spodoptera littoralis) и тоа во доза од 1L/ha. Се третира кога ќе се премине прагот на штетноста и тоа од фенолошката фаза кога е видливо првото примарно-секундарно стебло до почетокот на полна зрелост:плодовите ја имаат типичната боја на зрелост (BBCH 21-89).
 
ПРЕДУПРЕДИВАЊА: Средството нема системично дејство. Средството е најефикасно за сузбивање на рани ларвени стадиуми на гасеници, веднаш по испилувањето од јајцата. Средството може да се употребува на втората ганерација штетни инсекти. Средството може да се користи на иста површина најмногу двапати во текот на една сезона Вкрстена резистанција на активната супстанција метафлумизон и средствата од групата пиретроиди и неоникотиноиди не е позната.
Поради истиот начин на дејствување постои можност за развивање вкрстена резистанција меѓу средствата на основа активната супстанција метафлумизон и индоксакарб. Од таа причина, средствата што ги содржат активните супстанции метафлумазон или индоксакарб, на иста површина дозволено е да се користат само двапати во текот на една сезона.
 
МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА:
При третирање потребно е да се спречи загадување на реки, бунари, езера и извори, така што ќе се почитуваат прописите од областа за заштита на водата. Заради заштита на водните организми со средството не смее да се третира на територија од 15 m хоризонтална ширина од крајбрежната граница од прв и втор ред.
 
ФИТОТОКСИЧНОСТ:
Средството употребено согласно инструкциите не фитотоксично. МЕШАЊЕ Нема ограничување при мешање со фунгицидите Acrobat MZ WG и Polyram DF, како и инсектицидите Fastac 10 ЕС и Perfekthion. Сопственикот на регистрацијата гарантира дека наведеното мешање не влијае на дејстувањето на средството. Запазете го редоследот на мешање на одредени средства според видот на формулацијата!
Registered for culturesRateBBCHPreharvest Interval
Tomatoes1 l21 - 891
Potatoes0.25 l15 - 8914
Peppers1 l21 - 891