Пченкарен пламенец

Ostrinia nubilalis

Полифаен штетник. Се вбушува во плодовите и ја намалува нивната пазарна вредност. Пеперутките се со жолтеникава до светлосива боја со две искривени линии преку предните крила. Должината на телото е 13 - 15 мм, а распонот на крилата 27 - 32 мм. Гасениците се жолтеникави со ситни дамки по телото и темна пруга по должината на телото. Пораснуваат до 2, 5 цм. Презимува во стадиум на одрасната гасеница во стеблата на домаќинот. Првите пеперутки се појавуваат во почетокот на јуни. Има повеќе генерации годишно.

Plant Protection Products