Affirm

Manufacturer
SYNGENTA
Category
Insecticides
Registered until
N/A
Registration number
17-1370
Active materials

Специјалист за гасеници, молци – Tuta absoluta, со мала КАРЕНЦА!!!
Желудочен, , трансламинарен инсектицид.
• Нов и единствен начин на делување
• Незаменлив во професионалната заштита во градинарството, овоштарството и лозарството
• Употребуван и регистриран во многу култури, поради исклучиво малата каренц

УПОТРЕБА:
Производот за заштита AFFIRM е контактен желудичен инсектицид со делување на сите развојни стадиуми на ларвите на штетниците. Се употребува кај:
- виновата лоза за сузбивање на сивиот гроздов молец (Lobesia botrana) и жолтиот гроздов молец (Eupoecilia ambiquella) во доза од 1,5 kg/ha (15 g na 100 m2). Максималниот број третирања во текот на една вегетација е три пати.
- зелка брокула и карфиол, на отворено, за сузбивање на совици (Heliothis armigera, Spodoptera exigua, Spodoptera littoralis) и други гасеници во доза од 1,5 kg/ha (15 g на 100 m2). Третиањето се врши во период од развојната фаза на формирање на главица до 3 дена пред берба. Првиот третман да биде после излегувањето на првите гасеници и пред да навлезат во плодовите. Максимален број на третирања е 3 пати во еден вегетативен период и тоа на интервали од 7 дена.
- сточен грашок на отворено за созбивање на совици (Heliothis armigera, Spodoptera exiqua, Spodoptera littoralis) и други гасеници во доза од 1,5 kg/ha (15 g на 100 m2). Третирањето се врши во период од развојна фаза на формирање на главица до 3 дена пред берба. Првиот третман да биде веднаш после излегувањето на првите гасеници и пред да навлезат во плодовите.
- дињи и лубеници на отворено и во стакленици за сузбивање на совици (Heliothis armigera, Spodoptera exiqua, Spodoptera littoralis) и други гасеници во доза од 2 kg/ha (20 g на 100м2). Третирањето се врши во период од развојна фаза на формирање на главица до 3 дена пред берба. Првиот третман да биде веднаш после излегувањето на првите гасеници и пред да навлезат во плодовите. Максимален број на третирања е 3 пати во еден вегетативен период и тоа на интервали од 7 дена.
- пиперка, домат, модар патлиџан и домат чери на отворено и во стакленици за сузбивање на совици (Heliothis armigera, Spodoptera exiqua, Spodoptera littoralis), пченкарна златица (Ostrinia nubilalis) и други гасеници во доза од 2 kg/ha (20 g на 100 m2). Третирањето се врши во период од развојната фаза на формирање на главица до 3 дена пред берба. Првиот третман да биде после излегувањето на првите гасеници и пред да навлезат во плодовите. Максимален број на третирања е 3 пати во еден вегетативен период и тоа на интервали од 7 дена.
- зелена салата на отворено и во стакленици за сузбивање на совици (Heliothis armigera, Spodoptera exiqua, Spodoptera littoralis), пченкарна златица (Ostrinia nubulalis) и други гасеници во доза од 1,5 kg/ha (15 g на 100 m2). Третирањето се врши во период од развојна фаза од формирање на главица до 3 дена пред берба.. Првиот третман да биде веднаш после излегувањето на првите гасеници. Максимален број на третирања е 3 пати во еден вегетативен период и тоа на интервали од 7 дена.
- јагоди на отворено и во стакленици за сузбивање на совици (Heliothis armigera, Spodoptera exiqua, Spodoptera littoralis) и други гасеници во доза од 2 kg/ha (20 g на 100 m2). Третирањето се врши во период од развојна фаза на формирање на први прави листови до пред берба. Првиот третман да биде веднаш после излегувањето на првите гасеници. Максимален бро на третирања е 3 пати во еден вегетативен период и тоа на интервали од 7 дена.
- праски за сузбивање на прасков молец (Anarsia lineattela) и прасков свиткувач (Grapholita molesta) во доза од 3-4 kg/ha (30-40 g на 100 m2) во време помеѓу полагање и пилење на јајцата, најмногу два пати во една вегетација, во интервал од 10-14 дена, во развојна фенофаза пред излегување на гасениците од формирање на плодовите до 7 дена пред берба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Заради подобрување на покриеноста, пред се на растенијата со силно изразена восочна превлака на листовите и кај плодови со мазна површина (домати, модар патлиџан) треба да се додаде навлажнувач. Навлажнувачи со лепливи својства не се соодветни бидејќи ја намалуваат пенетрацијата во листовите и плодовите. Се аплицира во стандардна опрема за третирање во земјоделието. Авио апликацијa не е дозволена. При апликација да се спречи занесување на спрејот на соседните култури. Контактното делување на препаратот е слабо и може да биде само ако растворот на препаратот стигне директно на телото на гасеницата. Препаратот брзо се разложува на светлост, посебно при јако UV зрачење, па неговата резидуална контактна активност е мала. Да би се зголемило контактното делување се препорачува примена на препаратот во вечерните часови. Неколку часа после внесувањето на активните материи во исхраната на листот, доаѓа до парализа на гасениците и престанок на исхраната, а во следните 2-3 дена доаѓа до нивно угинување, но брзо после исхраната на опрсканите лисја штетните гасаници престануваат да се хранат и понатаму не нанесуваат штета. Заради можноста на вкрстена резистентност, алтернативно да не се применуваат инсектициди на база друг абамектин. Бидејќи овој производ е штетен за пчелите, заради нивна заштита и заштита на други инсекти опрашувачи не треба да се третира за време на цветање. При третирањето на јаболки, круши и праски, заради заштита на нецелните членконоги, мора да се почитува нетретираниот безбедносен појас од 15 м на необработлива површина.

Registered for culturesRate
Apples4 kg
Strawberries2 kg
Asparagus1.5 kg
Melons2 kg
Tomatoes2 kg
Cucumbers2 kg
Grapes1.5 kg
Watermelon2 kg
Eggplant2 kg
Broccoli1.5 kg
Cauliflower1.5 kg
Peas1.5 kg
Peppers2 kg
Lettuce1.5 kg
Peaches3 - 4 kg