Совица гама

Autographa gama

На средните и предните крила се наоѓаат карактеристични сребренасти дамки во вид на грчката буква гама по што и го добила името. Гасеницата е со зелена боја, телото стеснето во правецот на главата со три пара стомачни нозе. Има пет генерации со должина во првата од 3 мм до последната 30 мм. Типично миграторна врста. Имагото може да прелета и до неколку илјади километри. Во текот на годината има 2 - 3 генерации а презимува во стадиум на гасеница и кукла. Наинтезивниот лет им е од јуни до јули. Женката полага околу 500 јајца обично едно поретко 2 - 3 на долната страна на листот. Ембрионалниот развој трае 3 - 7 дена а испилените гасеници во почетокот бараат висока влажност. На температура од 20 степени гасениците го завршуваат развојот за три недели. Во текот на вегетацијата преобразбата во кукли се одвива на растенијата во бели паукови кокони. Совицата гама е хидрофилна врста во сувите реони се концентрира на наводнуваните терени. Нејзините генерации во повеќето случаи настануваат одеднаш и непредвидено. Масовната појава трае 1 - 2 години по што настанува масивно намалување на бројноста во подолг период. Најголеми штети нанесуваат на листовите од растенијата, а главните штети ги прават единките од 4 - 5 возраст. Најопасни се гасениците од првата генерација.

Plant Protection Products