Kinto Duo

Manufacturer
BASF
Category
Fungicides
Registered until
N/A
Registration number
Active materials
Упатство за употреба
Kinto Duo е комбиниран системичен фунгицид за третирање на семиња,во форма на фина суспензија, хомогена, со црвена боја.
 
Начин на делување:
Kinto Duo обезбедува сила комбинација помеѓу системични и пенетрирачки активности за контролирање на широк спектар на болести кои се пренесуваат преку семето во земјата. Производот лесно се апсорбира од страна на семето, никулците и корењата, со заштита на подолг временски период, го спречува развојот на мицелиумот на габите лоцирани на семето или во неговата внатрешност. Селективен за сите житни култури. Третираното семе може да се користи и наредната година, без да биде оштетено р’тењето, доколку се чува на соодветен начин.
 
Време на нанесување:
Kinto Duo се нанесува пред садење на семето.
 
Подготовка на растворот:
Резервоарот на прскалката се полни до половина со вода и се додава одредената количина од производот и се додава остатокот на вода со постојано мешање на растворот. За хомогенизација на растворот помеѓу подготовката и третирањето на семето потребни се 10 минути.
 
Техника на нанесување: може да се употреби опрема за третирање со проток без прекини и со прекини, претходно калибрирани за да се почитува дозата за нанесување. Се препорачува употреба на препорачаниот волумен за секоја култура одделно. За пченицата се користи солуција од 8-10 L/ton,а за јачмен 8-12 L/ton.
 
Компатибилност:
Kinto Duo не се меша со други хемиски производи без претходно да се провери физичко-хемиската компатибилност, а посебно ефектот на мешавината врз семето преку тест за р’тење
Registered for cultures
Winter wheat
Winter barley
Corn