Полегнување на расад

Pythium spp.

Симптомите предизвикани од причинителот на полегнување на расадот, варираат од староста и фазата на развојот на нападнатото растение. Доколку се насеани осетливи растенија во заразена почва  и се нападнати од габата, не ртат, стануваат меки и мувлосувани, со кафена боја. Слабото поникнување е резултат на инфекциите на ртулците, откако тие ќе прортат, но пред да никнат на површината од почвата. Почетната инфекција се појавува во вид на слабо потемнета воденеста мека дамка. Инфицираната зона брзо се зголемува, го зафаќа никулецот и тој изумира брзо. Никулците кои се веќе поникнати се секогаш нападнати во коренот. Населените ткива стануваат воденести и обезбоени. Основниот дел од стеблото е многу потенок и помек околу горниот незафатениот дел, поради што паѓа на почвата. Ако се нападнати постарите растенија, имаат само мали дамки по стеблото, што можат да го обиколат стеблото од растението и да предизвикаат спеченост или изумирање. Заштита со користење на стерилизација на почва со запарување, или суво загревање, или со испарливи хемиски средства.

Plant Protection Products