Wing-P

Manufacturer
BASF
Category
Herbicides
Registered until
N/A
Registration number
17-469/2
Active materials
Упатство за употреба
Wing P е почвен хербицид во форма на концентрат за емулзија и е наменет за сузбивање на класести и некои широколисни плевели во пченка,сончоглед, соја,грашок,грав,зелка,кромид и лук се употребува по сеидба пред никнење (пред расадување) на културите.Средството делува преку коренот и надземниот дел на плевелите.
 
Чувствителни плевели на Wing P се:
Echinochloa crus-galli (L.) Beauv. (обично влакнесто просо), Galium aparine L. (обичен лепавец), Chenopodium album L. (бела дива лобода), Polygonum aviculare L. (нивска повивка),птичја подворка, Thlaspi arvensе L. (полска попова лажичка), Stellaria media (L.) Vill. (обична ѕвездарка), Polygonum convolvulus L. (нивска повивка), Viola arvensis Murr. (полска темјанушка),
Anthemis arvensis L. (полски вртипоп).
Максимална доза на средството е 4,0 L/ha со препорачана количина на вода 200-300 L/ha.
Средството да се користи по сеидба, пред никнење на културите и се прска со средни капки.Не се препорачува третирање пред очекуван дожд,слана или непосредно по нив; при третирањето да не се нанесува на соседните посеви или остатокот да се фрла во околината.
 
Подготовка на средството за прскање:
Пред употреба средството добро да се протресе. Измерената количина на средството се истура во резервоарот на распрскувачот кој делумно е наполнет со вода (мешалката да биде вклучена). При третирањето мора да се обезбеди континуирано мешање на течноста за прскање. Пред прскањето да се проконтролираат дизните на прскалката. Празната амбалажа од
пакувањето да се исплакне со вода три пати и водата од плакнењето да се истури во резервоарот од прскалката кој потоа се дополнува со потребното количество на вода.Ако распрскувачот нема пневматска мешалка, средството во резервоарот се меша механички. Во случај на прекин на прскањето, пред повторно почнување течноста добро да се промеша. По завршување на прскањето прскалката добро да се измие.
Registered for culturesRate
Corn4 l
Sunflowers4 l
Soybeans4 l
Peas4 l
Beans4 l
Cabbage4 l
Onions4 l
Garlic4 l