Пламеница на домати и компири

Phytophthora infenstans

Пламеницата ги напаѓа листовите, стеблото и плодовите. По листовите се развиваат крупни воденести дамки. При поволни услови на овие дамки се јавува белузлава растресита навлака од конидиофори со конидии од габата. Набргу потоа, ткивото во дамките некрозира и станува кафеаво, а листовите прегоруваат. По стеблото се развиваат крупни, најчесто тркалезни дамки, во почетокот воденести, а потоа кафеави по бочните ветки. Дамките прстенесто ги опфаќаат и деловите над нив венат, се сушат. Карактеристични симптоми се јавуваат кај зелените плодови. Зафатеното ткиво од паразитот е обоено кафеаво, тврдо и прекриено од растресита белкаста навлака составена од мицелија и нејзини спороносни органи. Некрозата се шири брзо и за неколку дена го зафаќа целиот плод, кој изгледа како да е мумифициран. Болните плодови лесно отпаѓаат. При поволни услови, пламеницата кај доматот се шири брзо и за кратко време растенијата прегоруваат. Оптимална температура  е 17 - 210C, температурата над 300C го спречува развојот, но не ја убива. Времетраењето на високата релативна влажност на воздухот и слободната вода по површината на листовите го одредуваат развојот на болеста во посевите. Пламеницата може успешно да се уништува преку една комбинација од санитарни мерки, отпорни сорти и навремена хемиска заштита. 

Plant Protection Products