Acrobat MZ WG

Manufacturer
BASF
Category
Fungicides
Registered until
N/A
Registration number
Active materials
Acrobat MZ WG е системичен и контактен фунгицид во облик на водорастворливи гранули,WG.
 
Примена: Acrobat MZ WG се употребува за сузбивање на:
-причинителот на пламеницата на лозата (Plasmoparaviticola) во количина од 2,5 kg/ha односно 25 g во 10 L вода; се третира 2-4 пати во сезоната на растојание од 10 до 14 дена, во фенофаза на 5 листа(BBCH 15) до почеток на зреењето (BBCH 89)
-причинителот на пламеница на компирот и доматот (Phytophthora infestans) и кафеавата дамкавост на компирот и доматот ( Alternaria solani ) во количина од 2,5 kg/ha со потрошувачка на вода 200 - 1000 l/ha (25 g на 100 m2 при употреба на 2 L до 10 L вода) Се третира најмногу 5 пати во сезона на растојание од 7-14 дена,во
фенолошка фаза на првите листови (BBCH 11) до почеток на зреење на компирот/доматот (BBCH 89);
 
Внимание:
Препорачлива е употреба на алтернативни фунгициди со поинаков начин на делување.Не се препорачува да се третира на температура над 250С. Метод на апликација е со грбна и тракторска прскалка ; примената од воздухоплов не е дозволена.
 
Фитотоксичност:
Доколку средството се употребува на пропишаниот начин, не предизвикува фитотоксичност.
 
Каренца:
42 дена за вински сорти грозје; 28 дена за трпезни сорти грозје; 7 дена за компир и 3 дена за домати.
 
Компатибилност:
Acrobat MZ WG не смее да се меша со инсектициди со кисела реакција, бордовска чорба, алкални препарати и EC формулации и средства за исхрана на растенијата кои содржат бор. Acrobat MZ WG се меша со препарати на база на фосетил алуминиум, бакар оксихлорид, цимоксанил, манкозеб, металаксил, офурак, беналаксил, оксадиксил и каптафол.
Registered for culturesRateBBCHPreharvest Interval
Grapes2.5 l15 - 8942
Potatoes2.5 l11 - 897
Tomatoes2.5 l11 - 893