Црна дамкавост

Alternaria solani

Болес која ја предизвикува паразитната габа Allternaria solani. Штетатите предизвикани од оваа габа се поголеми доколку се нападнати по младите растенија, а за време на текот на вегетацијата има сончеви денови и ретки дождови. Предизвикувачот на болеста во текот на зимата се одржува во заразените растителни остатоци и заразеното семе. Првите зарази настануваат многу рано, во местото каде што се сее или при пикирањето, во текот на произвотство на расад. Поради тоа и првите симптоми на болеста се откриваат на горните листови од расадот во вид на темни пеги. Карактеристични симптоми се појавуваат на листовите на расадените растенија во вид на сивотемни пеги со црни, концентрични кругови, оивичени со хлоротичен ореол. Пегите можат да се појават и по целото стебло. Со ширење ги зафаќа и подлабоките слоеви на ткивото со што ја нарушува структурата на стеблото. Настанува таканаречено прстенување на стеблото, при што деловите над прстените потполно изумираат. Слични пеги со вдлабен средишен дел се појавуваат и на плодовите. Раната зараза најдобро е да се спречи со производство на здрав расад. Затоа семето е најдобро да се дезинфицира со соодветен фунгицид, да се изврши дезинфекција на леите за произвотство на расад.

Plant Protection Products