Frontier X 2
- Manufacturer
- BASF
- Category
- Herbicides
- Registered until
- N/A
- Registration number
- 17-855
- Active materials
- dimethenamid-P720 g/l
FRONTIER X2 се употребува како хербицид со продолжено дејство, за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни тревни плевели и некои едногодишни широколисни плевели во жито и пченка. Се аплицита после сеидба, а пред никнење на пченката и после појавата на плевелот во доза од 1,2-1,4 L/ha со потрошувачка на вода од 200-400 L/ha.
Заштитна опрема: за време на ракувањето со препаратот потребно е да се носи заштитна облека, заштитни ракавици и заштитни средства за очи/лице. По работата со препаратот, рацете и лицето треба да се измијат со сапун и вода. Да не се јаде, пие или пуши кога се користи овој производ.
Заштитни мерки во случај на незгода при превоз: веднаш да се осигура местото на несреќата со ознаки и да се извести полицијата, стручните служби и по потреба пожарникарите. До нивното доаѓање, колку е можно да се локализира средството за да не се разлива во земјата и да не доспее во водата.
Предупредување:
Многу отровен за водните организми, може да предизвика долготрајни штетни последици врз водната средина. При третирање треба да се спречи загадувањето на водотеците, бунарите, езерата и изворите, така што ќе се почитуваат прописите од областа за заштита на водата. За заштита на водните организми да не се аплицира на земјоделско земјиште во непосредна близина на површински води.
| Registered for cultures | Rate |
|---|---|
| Winter wheat | 1.2 - 1.4 l |
| Spring wheat | 1.2 - 1.4 l |
| Corn | 1.2 - 1.4 l |