Толчница

Portulaca oleracea

Едногодишно растение високо 15 - 30 cm. Стенблото е меснато, голо, полегнато и разгрането, со црврнкаста боја. Гранките се шират по земјата и ги потиснуваат другите растенија. Листовите се со јајцевиден облик, наизменични, меснати, сјајни, по рабовите црвенкасти. Искорнетото растение во додир со почвата лесно се вкоренува. Пресеченото растение развива нови растенија. Цветовите се мали, жолти. Растат поединачно или 2 - 3 заедно. Плодот е чаура. Семето е бубрежно, сплеснато. Произведува околу 9000 семки. Медоносно растение, домаќин на нематоди.

Plant Protection Products