Stomp 330 E

Manufacturer
BASF
Category
Herbicides
Registered until
N/A
Registration number
17-627/
Active materials
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Stomp 330 EC е течен концентрат за емулзија (ЕС) се применува со нанесување на почвата или листовите наменет за сузбивање едногодишни класести и некои широколисни плевели кај есенската пченица, пченка, компир, жолт лупин ( Lupinus luteus), тутун, зеленчук, некои декоративни растенија, овоштарници, јагоди, плантажи со трева. Средството е исто така наменето за уништување и задржување на страничните израстоци кај тутунот.
 
Земјоделски култури:
- Есенска пченица, есенски јачмен, р’ж
• По сеидба, но не покасно од 3 дена; или
• По никнување, не покасно од фаза на 1-2 листа на еднолисни или дволисни плевели
• Препорачана доза: 3,5 l/ha.
Внимание!
Зрната на житата да се сеат на еднаква длабочина и да се покријат со најмалку 3 сантиметри земја. Покривањето со потенок слој почва може да биде причина за проретчување на растенијата.
- Треви семени (Poa pratensis L.) теснолисна ливадарка, (Festuca rubra L.) црвен вијук, (Lolium perenne L.)француски љуљ, (Agrostis gigantean) росуља Плантажи со 1,2 или 3 години на искористување.
Со средството да се изврши третирање на есен или рана пролет на добро распространети растенија на треви.
• На есен: од половината на септември до половината на октомври (може да се користи на есен исто така на плантажи засадени во пролет истата година).
• Ефикасноста на средството е зависна од степенот на влажноста на почвата. Во услови на суша ефикасноста е послаба.
• Напролет: што порано, од март до почетокот на април.
• Препорачана доза: 5 l/ha
Внимание!
По третирањето со средството да не се изведуваат механички обработки; ефектот е видлив после 3 недели од третирањето; во случај на масовно присуство на едногодишната ливадарка (Poa annua L.) или на обичната ветрушка (Apera spica- venti (L.)P.B. средството да се применува наесен.
- Компир
Средството се користи пред никнување на компирите, пред окопување на поле.
Препорачана доза: 3,5-5 l/ha
Внимание!
Да не се користи средството по никнување на компирите.
- Тутун
За сузбивање на плевели средството да се користи не покасно од 1 ден пред садењето на тутунот.
Препорачана доза: 3,5 – 5 l/ha
За уништување и спречување на растење на странични израстоци кај тутунот непосредно ( а најкасно до 24 часа ) по отстранување, доколку е неопходно, на страничните израстоци со должина поголема од 2 cm, да се примени средството како раствор 1,5% ( 1,5 L средство во 100 L вода), користејќи 10-20 ml раствор на растение. Количеството на течност за
користење зависи од склоноста на видот кон странични израстоци како и од висината на растението. Растворот може да се користи со прскање или рачно полевање на растенијат.
Прскање: Да се прска така што млазот да биде усмерен кон врвот на стеблото од далечина околу 20 cm.При прскањето да се внимава на низок притисок до 1 atm( 0,1 Mpa).Распрскувачот да се намести на 10-20 ml.
Полевање: да се полева со раствор во концентрација од 1,5%во количина од 10-20 ml на растение.Подготвениот и точно одмерената количина на раствор да се полева на врвот од стеблото на тутунот за да тече по должината на целото стебло, во сите достапни места на стеблото дури до основата.
Внимание!
Третирањето да се изврши најмалку 1 час пред предвидените врнежи на дожд; средството да се користи на суви и не наводнети растенија;кога тутунот расте брзо третирањето може да се повтори по 5-7 дена.
Registered for culturesRatePreharvest Interval
Winter wheat3.5 - 5 l
Potatoes3.5 - 5 l
Corn0 l
Lupines0 l
Tobacco3.5 - 5 l
Greens3 l63
Strawberries3 - 5 l
Winter barley3.5 - 5 l
Winter rye3.5 - 5 l
Leeks2 - 3 l
Dill3 - 5 l
Cauliflower3 - 4 l
Tomatoes3 - 5 l42
Peppers3 - 5 l63
Garlic3 - 5 l63
Beans3 - 4 l
Onions3 - 5 l63