Синап полски

Sinapsis arvensis

Едногодишно растение високо 30 - 80 cm. Коренот е тенок со вретенест облик. Стеблото е исправно, разгрането, со крути влакна, а поретко голо. Влакната се свртени надоле. Листовите се рапави и исто со крути влакна. Долните листови се назабени, нарежани. Цвета во јуни и јули. Цветовите се жолти собрани на врвот на стеблото и на гранките во гроздовидни соцветија. Плодот е мешунка со сабјест облик долг 2 - 2, 5 cm обично влакнест со по 12 семки. Едно растение произведува 20. 000 семки. Семето е отровно. Одлична паша за пчелите. Домаќин е на некои болести и преносител на инсекти и нематоди.

Plant Protection Products